Новиот сопственик на Челси, Тод Боли
изминативе месеци ја извршуваше и улогата на спортски директор, активно
учествуваше во преговорите, но сега откако заврши преодниот рок, бизнисменот од САД сака да ангажира квалитетен оперативец.
Според пишувањата
на Ле Паризиен, „сините“ во ПСЖ го бараат новиот спортски директор и сакаат да
го донесат Луис Кампос.
На Португалецот
му се нуди годишна плата од 8 милиони евра, како и трансфер буџет од 300
милиони евра за следните два преодни рока.
Неколку извори
како Телеграф, Ивнинг Стандард и Тајмс, пак пренесуваат дека спортскиот
директор на РБ Салцбург, Кристоф Фројнд е изборот на новите сопственици на
Челси и веќе се водат преговори кои се во напредна фаза.
Има и такви кои
велат дека Тод Боли сака да ги донесе и двајцата, Кристоф Фројнд да биде нов спортски
директор, а Луис Кампос да има улога на советник.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.