Барселона одигра одлично прво полувреме на Алијанц Арената, создаде многу шанси, но не искористи ниту една.
Работите во вториот дел се променија, Баерн Минхен даде гол па воспостави игра и не дозволи Барса да биде како во првиот дел. На крајот тие се радуваа на победа од 2-0, а Барса може да жали за пропуштеното.
„Барселона беше подобра од нас во првото полувреме, тоа мора да го признаеме, но ние бевме подобри од нив во вториот дел. Имаше само една важна разлика, ние бевме многу поефикасни од нив“, вели Нагелсман.
„Во првото полувреме им оставивме многу простор за игра, среќа што го имавме Нојер. Во вториот дел се браневме многу подобро, дадовме еден гол, па веднаш потоа уште еден и добивме на мир и стабилност“.
„Левандовски ни создаде многу проблеми во првото полувреме, но не даде гол. Во второто го чувавме многу подобро“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК