Шокантна беше одлуката на Боли да му даде отказ на Тухел кој на кормилото на Челси беше само 18 месеци за кои ја освои Лигата на шампионите и Светското клупско првенство.
Работите во Челси почнаа да се менуваат кога Абрамович мораше да замине, тоа беше видливо и во потезите во преодниот рок кога сините немаа јасна визија што сакаат и делуваа конфузно.
Информациите вела дека Боли и Тухел имале расправии за засилувањата, немале исти идеи, па новиот сопственик чекал само погоден момент да му даде отказ.
На некој начин и Боли го признава тоа.
„Тухел е екстремно талентиран и многу успешен, нашата визија за клубот беше да најдеме тренер кој ќе сака да соработува со нас“, вели Боли.
„Но, не бевме сигурни дека Томас ја гледа нашата визија на ист начин на кој ја гледаме ние. Немавме заедничка визија“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК