Според „Си-Ен-Ен Португалија“, Кристијано Роналдо одбил огромно богатство од Саудиска Арабија.
Понудата на Ал-Хилал била 243 милиони евра, тоа е неделна плата од 2,3 милиони евра.
Иако понудата е неверојатна, Роналдо ја одбил. Португалецот има заработено премногу во досегашниот дел од кариерата, па клубовите не ги одбира според парите.
Роналдо сакал да остане во Европа, да игра на највисоко ниво и да биде максимално подготвен за Мундијалот во Катар.
Голема е веројатноста со Светското првенство во Катар да заврши и репрезентативната кариера на Роналдо во португалската селекција.
Можно е во наредните години да замине надвор од Европа, но тоа веројатно би било во САД.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК