Еквадор може да биде исфрлен од Светското првенство во Катар

by
2 минути читање

Фудбалерот Бајрон Кастиљо одигра осум натпревари за Еквадор во квалификациите за Мундијалот. Чиле поднесе приговор до ФИФА дека овој фудбалер всушност е Колумбиец и нелегално има добиено еквадорско државјанство.

ФИФА го истражуваше случајот, но не најде ништо спорно, па Чиле повторно се жалеше. Весникот „Дејли мејл“, најде нови докази дека фудбалерот навистина е Колумбиец.

Англискиот медиум објави документи од кои се гледа дека Кастиљо е роден во Колумбија и дека добил лажни документи при влезот во Еквадор со преоменето име и друг датум на раѓање.

Ваквата измама е доволна основа за исфрлање на Еквадор од Светското првенство, а можна е и суспензија на федерацијата од меѓународните натпревари бидејќи според доказите Еквадорската фудбалска федерација знаела дека Кастиљо е Колумбиец.

Постои аудио-интервју, кое било направено од Истражувачката комисија на Еквадорската фудбалска федерација во кое Кастиљо вели дека го напуштил колумбискиот град Тумако за Сан Лоренцо во Еквадор заради фудбалска кариера. Тој јасно вели дека е роден 1995 година, а не 1997 година како што стои во неговите официјални документи од Еквадор. Неговото полно име е Бајрон Хавиер Кастиљо Сегура, како што стои во колумбиските документи, а во еквадорските има мала промена и е именуван како Бајрон Давид Кастиљо Сегура. Фудбалерот исто така именува еквадорски бизнисмен, кој му договорил да добие еквадорски документи со нов идентитет.

Ова интервју било направено во 2018 година и било доставено до Дисциплинската комисија на Еквадорската фудбалска федерација која од следната година почнува да тврди дека Кастиљо е од Еквадор и тој почнува да игра за нив.

Доколку ФИФА одлучи да го суспендира Еквадор, Чиле би можел да добие шанса да игра на негово место како најдобро пласирана селекција која не обезбеди Мундијал преку квалификациите.

Еквадор е во групата А заедно со домаќинот Катар и селекциите на Холандија и Сенегал.

Тие на 20 ноември треба да го отворат Мундијалот во меч со домаќинот.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани