166
Натпреварот помеѓу Кадиз и Барселона беше прекинат откако мораше да му се укаже лекарска помош на еден навивач.
Се говори дека тој доживеал срцев удар, па лекарските екипи на двете екипи се упатија на трибините да му укажат помош.
И додека докторите се бореа за неговиот живот, на трибините се онесвести уште еден навивач. За среќа, по укажаната помош тој е добро, стана и доби аплауз од публиката.
Првиот навивач, чија ситуација очигледно е многу посериозна, веќе е изнесен и префрлен во болница па натпреварот ќе продолжи во 21:05 часот.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.