426
Интер оваа недела имаше кризен состанок откако „нероаѕурите“ забележаа три порази на последните четири меча. Се шпекулираше дека тренерското столче на Симоне Инзаги се тресе и стратегот ќе добие отказ доколку неговиот тим не освои максимални 9 бода на следните три натпревари.
Интер беше блиску да се сопне уште на првата пречка, попладнево Торино добро ги намачи „нероаѕурите“, но трите бода останаа на „Џузепе Меаца“.
Откако Хандановиќ имаше неколку одбрани, Марсело Брозовиќ погоди во 89. минута за голема радост. Барела испрати топка преку одбраната на Торино а Хрватот одлично реагираше и го матираше Милинковиќ Савиќ за 1-0 и победа.