Баерн Минхен трет натпревар по ред не може да победи во Бундеслигата

by
1 минути читање

Баерн Минхен лесно го победи Интер во Лигата на шампионите, но во Бундеслигата не им оди во воведниот дел од сезоната.

По нерешените средби со Борусија Менхенгладбах и Унион Берлин, денеска ремизираа и со Штутгарт.

Баерн Минхен двапати водеше, Тел погоди за 1-0, а Мусиала за 2-1. Погодоците за Штутгарт ги реализираа Фухрих, и Гуираси во 92. минута од пенал, тоа беше погодокот за бод.

Лајпциг со новиот тренер, Марко Росе ја растури екипата на Борусија Дортмунд победувајќи ја со 3-0. Тоа е и поранешниот клуб на Росе.

Орбан Собослаи и Хаидара беа стрелци на головите за Лајпциг.

Најмногу голови имаше на дуелот меѓу Хофенхајм и Мајнц кој го добија домаќините со 4-1, Волфсбург со 1-0 славеше на гостувањето кај Ајнтрахт Франкфурт, Херта и Леверкузен одиграа 2-2.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×