Тонали го продолжи договорот со Милан за двојно повисока плата

by
1 минути читање

Милан соопшти дека го продолжи договорот со Сандро Тонали.

„Милан со задоволство може да соопшти дека го продолжи договорот со Сандро Тонали до 30 јуни 2027 година“, стои во соопштението на росонерите.

Милан го купи Тонали од Бреша за позајмица од 10 милиони евра со додатни 6,9 милиони евра да биде целосно откупен.

Со цел да се реализира трансферот во Милан тој тогаш прифати помала плата, само 1,2 милиони евра по сезона.

Му беше ветено дека кога финансиската ситуација ќе се стабилизира, ќе добие нов договор со повисока плата. Сега дојде тој ден.

Италијанските медиуми пишуваат дека со новиот договор Тонали ќе заработува 3 милиони евра по сезона.

Тонали пораснал како навивач на Милан, па сака долго да остане на Сан Сиро без разлика што има клубови кои му нудат повеќе пари.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×