Спортскиот директор на Наполи откри како поради војната во Украина за трипати помалку го купиле Кварацхелија

by
1 минути читање

Наполи игра одлично на почетокот од сезоната, пријатно изненадување во тимот на Лучано Спалети е 21 годишниот Хвича Кварацхелија, кој има четири погодока и две асистенции на шест натпревари во сите конкуренции.

„Прв пат го гледав Хвича кога бевме во карантин. Имаше само 19 години но беше навистина добар кога ја имаше топката во своите нозе. Го гледавме заедно со Џенаро Гатузо и паметам дека му се јавивме на Каладзе за да дознаеме нешто повеќе за момчето“ – раскажува спортскиот директор на Наполи, Кристијано Џунтоли.

„Тогаш играше во Рубин Казан, бараа 30 милиони евра, па преговорите завршија уште пред да почнат. Тогаш го бркавме потписот на Виктор Осимен, па не можевме да инвестираме толку голема сума“.

„Но момчето остана во моите мисли. Кога почна војната во Украина, тој се врати во Грузија во редовите на Динамо Батуми, па веднаш побрзавме да го ангажираме и го купивме за 10 милиони евра“.

„Успеавме да стигнеме до неговиот потпис пред Јувентус, Рома и Реал Сосиедад“.

„Се коцкавме со него како замена за Лоренцо Инсиње и ни се исплатеше“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×