Михајловиќ: Не разбирам зошто добив отказ

by
1 минути читање

Михајловиќ со големо писмо се обрати до јавноста, тој се заблагодари на раководството, на навивачите, на сите во клубот и на болницата каде се бореше со леукемијата.

Но во дел од писмото искрено рече дека не разбира зошто добил отказ.

„Никогаш не сум бил лицемер, нема да бидам ни овојпат, не разбирам зошто добив отказ. Го прифаќам како професионалец, но мислам дека ситуацијата беше апсолутно под контрола и можеше да се подобрува. Но раководството немаше исто мислење како и јас. Се одиграа само пет кола, и тешко ми е да помислам дека ова беше поради последните резултати или табелата и дека не е одлука која се подготвувала подолго време. Премногу лошо. Би сакал да кажам дека мојата здравствена ситуација е добра и постојано се подобрува. Бев на тренинзите на тимот и на клупата на натпреварите, проблем ми беше само што не можев многу часови да поминувам на сонце. Но не сум пропуштил ни ден. Но сега не е време да правам анализи на фудбалските моменти од изминатиот период, или трансфер пазарот, или менаџмент ситуациите со кои не сум се согласувал. Сега сакам само да се сеќавам на посебните и незаборавни моменти, сакам да ви кажам благодарам“, напиша меѓудругото Михајловиќ.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×