По рекордниот трансфер период, Челси сега ќе треба да одвои 30 милиони за отказот на Тухел и ангажманот на Потер

by
1 минути читање

Новите
сопственици на Челси, предводени од Тод Боли, изминативе месеци потрошија
рекордна сума на засилувања и одвоија преку 250 милиони фунти за ангажман на
Рахим Стерлинг, Калиду Кулибали, Марк Кукуреља, Весли Фофана, Пјер Емерик
Обамејанг и талентираните Карни Чуквуемека, Чезаре Касадеи и Габриел Слонина.

„Сините“ ќе
продолжат да трошат и по по крајот на трансфер периодот откако Тод Боли реши да
му даде отказ на Томас Тухел по поразот од Динамо Загреб во Лигата на шампиони.

Медиумите од
Англија пренесуваат дека на Германецот ќе треба да му се исплатат 13 милиони
фунти за предвремен раскин на договорот, а неговите соработници ќе поделат 2
милиони фунти.

Грем Потер се
посочува како главен кандидат за тренерското столче, стратегот на Брајтон има
откупна клаузула од 16 милиони фунти и се верува дека Челси ќе мора да ја плати
оваа сума за да го ангажира.

Па за оштетата на
Томас Тухел и неговите соработници, плус сумата за да го ослободи Грем Потер од
неговиот договор со Брајтон, Тод Боли ќе треба да одвои 31 милион фунти.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×