Џовани Симеоне на раката го има истетовирано логото од Лигата на шампионите, тетоважата ја направил на 13 години.
Додека играше за Каљари, тој ја раскажа приказната за оваа тетоважа.
„Кога имав 13 години ја направив мојата прва тетоважа. Не треба да се тетовира човек под 18 години, но јас бев толку голем фан на Лигата на шампионите, што го истетовирав логото на 13 години. Татко ми не се сложуваше со тоа, а мајка ми ме праша: Зошто?, Јас и реков: „Бидејќи денот кога ќе играм во Лигата на шампионите и ќе го дадам мојот прв гол, ќе ја бакнам тетоважата“, откри тогаш Џовани Симеоне.
Токму тоа се случи денеска, Џовани Симеоне даде гол во Лигата на шампионите и ја бакна тетоважата која ја направи на 13 години.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.