Наполи го понижи Ливерпул, срамен пораз на тимот на Клоп (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Наполи му одржа вистинска лекција на Ливерпул, црвените доживеаа неочекувано убедлив пораз, дури и може да се среќни што не загубија со поголема разлика.

Дека Ливерпул ќе има проблеми беше најавено уште од самиот старт кога Зиелински во петтата минута постигна гол од пенал за водство на Наполи од 1-0.

Во 18. минута беше досуден нов пенал за Наполи, но овојпат го изведе Осимен и промаши.

Сепак водството на Наполи беше зголемено во 31. минута кога Ангуиза даде гол за 2-0.

Тоа не беше се во првото полувреме, во 44. минута Џовани Симеоне постигна гол за предност и од 3-0.

По само две минути игра во второто полувреме, Зиелински постигна нов гол, за водство на Наполи и од 4-0.

Во 49. минута Луис Диаз постигна почесен гол за Ливерпул и ги постави конечните 4-1.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×