Иако е рано за било какви прогнози или компарации, видлива е сериозноста со која пристапуваат играчите на ПСЖ, особено големите ѕвезди кај кои во минатото можеше да се види и недоволно залагање.
Во пред план е Нејмар кој има фантастичен почеток на сезоната, но синоќа двата гола против Јувентус ги даде Мбапе.
Тоа што тимот на ПСЖ изгледа постегнато, заслуги има тренерот Кристоф Галтие кој доби пофалби од Верати.
„Тој е многу интелегентен тренер. Прилично е тешко да се биде тренер на нашиот тим. Тој од самиот почеток ни стави јасно дознаење на сите дека има само една цел, а тоа е победа, да играме заедно, да уживаме во нашиот спорт и да го направиме тимски спорт, а не индивидуален“, вели Верати.
„За да имаме одлична сезона потребни ни се сите, без разлика дали ја имаме топката или не, бз разлика дали сме на клупата или на теренот“.
„Да му кажеш на Меси која позиција да ја држи и каде да додава малку е лудо, но тој направи организација и им даде одговорности на сите. Има моменти како што видовме сега, каде сите заедно треба да се браниме“.
„Можете да бидете талентирани колку сакате, но полесно доколку работите заедно“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.