Динамо Загреб го победи Челси, англискиот тим на колена пред Ристовски и Адеми (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Динамо Загреб имаше старт од соништата во групната фаза од Лигата на шампионите, Челси во Лондон се враќа со наведната глава.

Стефан Ристовски и Аријан Адеми одиграа значајна улога во победата на Динамо Загреб. Ристовски го одигра целиот меч, Адеми излезе во самиот финиш од мечот.

Клучниот момент се случи во 13. минута кога Оршиќ претрча половина терен и погоди за водство на Динамо Загреб од 1-0, што на крајот се покажа и како конечен резултат.

И двата тима имаа свои шанси, Стефан Ристовски можеше да постигне прекрасен погодок, но неговиот удар го одбрани Кепа, а топката потоа заврши и во пречката.

Претходно и Адеми имаше обид од далечина кој го одбрани Кепа.

Челси најблиску до гол беше во финишот кога Рис Џејмс ја погоди стативата од голот на Ливаковиќ.

На крајот сосема заслужена победа на Динамо Загреб кој беше поорганизиран на овој меч, за разлика од Челси кој на моменти изгледаше како да нема идеја.

Во вториот меч кој се одигра од 18:45 часот, Борусија Дортмунд со убедливи 3-0 го победи Копенхаген.

Головите ги постигнаа Ројс и Гереро во првото полувреме и Белингам во финишот од мечот.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×