Многумина веќе го
видоа Килијан Мбапе во дресот на Реал Мадрид, но Французинот на крајот се
предомисли и реши да стави потпис на нов договор со ПСЖ.
Кога оваа тема беше
актуелна пред неколку месеци, имаше многу глаисни за тоа какви се бројките од
новата соработка на напаѓачот со „светците“.
Њујорк Тајмс сега
откри дека тригодишниот договор на Килијан Мбапе со ПСЖ е тешк 250 милиони
долари, односно нешто над 251 милион евра, па фудбалерот секоја сезона ќе
инкасира речиси 84 милиони евра.
Како оваа сума да
е малку, ПСЖ го наградил Килијан Мбапе и со богат бонус за потпис од 125
милиони долари, однонсо нешто над 125 милиони евра.
Њујорк Тајмс исто
така објави и интервју со Килијан Мбапе и едно од прашањата беше дали парите
биле главниот мотив за останување во Париз.
Напаѓачот
демантирал дека бил привлечен од овие неверојатни суми и рекол: „Каде и да се преселев
ќе ми дадеа многу пари“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.