Челси од Загреб ќе го почне настапот во овогодинешното издание на Лигата на шампионите. Тухел има пофалби за хрватскиот тим.
„Динамо е напревен да победува, тоа е победнички тим. Тие имаат таков менталитет“, вели Тухел.
„Тие дојдоа во групната фаза преку квалификациите, што никогаш не е лесно. Заслужија да се тука и сигурен сум дека имаат план да играат многу тактички и емоционален натпревар против нас“.
„Имаат индивидуални квалитети како и секогаш, како секој тим на Динамо Загреб досега и како секој хрватски тим. Во офанзивата, на крилните позиции имаат брзина и дриблинзи. Тие ќе сакаат да го искористат тоа што се аутсајдери. Тоа ќе биде нивниот план. Ние сме свесни за тоа“.
Тренерот на Динамо Загреб, Анте Чачиќ верува дека за нив е големо задоволство што ќе играат во Лигата на шампионите оваа сезона.
„Играме меч кој навистина сакавме да го играме, тоа е награда за тоа што ја освоивме титулата. Големо задоволство за нас е што играме во ЛШ, од тоа сите ќе имаат корист, клубот, фудбалерите и фановите. Ние не сме фаворити, но во секој меч ќе гледаме да ги искористиме нашите шанси. Ова не е нокаут фаза, ќе гледаме да научиме што повеќе“, вели Чачиќ.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.