Ливерпул сакал да донесе друг играч од средниот ред, многу поскап, но на крајот се задоволи со Артур Мело

by
1 минути читање

Според Фабрицио Романо, прва желба на Клоп ова лето бил Орелиен Чуамени, фудбалерот кој на почетокот од преодниот рок потпиша за Реал Мадрид.

Јирген Клоп дал се од себе за да го донесе Чуамени во Ливерпул, тој петпати му се јавил на фудбалерот со цел да го убеди да дојде на Енфилд, но не успеал.

Исто како и Ливерпул, и ПСЖ се обидувал да дојде до потписот на Чуамени, но младиот фудбалер не го интересирале овие две понуди.

Тој сакал трансфер само во Реал Мадрид, тој клуб бил негов детски сон кој сакал да си го исполни. Не го интересирало тоа дали понудите од другите клубови се финансиски подобри.

На почетокот од преодниот рок Ливерпул се распрашал и за Џуд Белингем, но добил одговор од Борусија Дортмунд дека тој ова лето е недопирлив и нема да замине по ниту една цена.

Се верува дека следното лето Ливерпул ќе биде еден од клубовите кои ќе водат битка за потписот на овој англиски фудбалер.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×