Абрамович и неговите соработници жестоко нападнати: Поради нив Тод Боли потроши 100 милиони екстра

by
1 минути читање

Челси ова лето потроши рекордна сума, одвои преку 250 милиони фунти на засилувања, како никој друг клуб претходно.

Најмногу пари беа потрошени за нови дефанзивци, преку 150 милиони фунти беа одвоени за Весли Фофана, Марк Кукуреља и Калиду Кулибали, откако летово „сините“ останаа без Антонио Ридигер и Андреас Кристенсен.

Саиф Руби, кој работи како посредник при трансфери, и седеше покрај Тод Боли во ложата на „Стемфорд Бриџ“ на дуелот против Вест Хем, сега прстот го впери кон Роман Абрамович и неговите соработници.

„Старото раководство на Челси не направи никаков напор за да го задржи Ридигер. Со задоволство сакаше да остане, дури и се гледаше како капитен на клубот но му понудија плата која беше двојно помала од онаа која ја добиваше Лукаку“ – вели Саиф Руби.

„Новото раководство требаше да прави корекции и да исправа грешки. Не е само Ридигер, го пуштија и момчето (Марк Гуи) да оди во Кристал Палас, пуштија и уште еден (Фикајо Томори) за не толку голема сума на пари да оди во Милан“.

„Кога разговарав со новото раководство, им кажав дека старото раководство ги чинело 100 милиони фунти. Знаете што ми кажаа? Дека сумата всушност е многу поголема“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×