Диего Коста се враќа во Премиерлигата?

by
1 минути читање

Диего Коста е слободен играч откако на почетокот на годината го напушти Атлетико Минеиро. 

Тој како слободен фудбалер може да потпише надвор од преодниот рок, а последните информации велат дека во моментов најблиску е до Вулвс.

Според „Би-Би-Си“, Вулвс стапил во контакт со агентите на Диего Коста и начелно е постигнат договор. Но пред да потпише фудбалерот ќе мора да помине проба со цел во англискиот клуб да видат на кое фитнес ниво се наоѓа.

Диего Коста нема играно повеќе месеци, па Вулвс сака прво да го провери, а потоа да му даде краткорочен договор.

Вулвс се заинтересира за него откако новото засилување Саша Калајџиќ на своето деби заработи тешка повреда на коленото и долго време ќе биде отсутен. А надвор од теренот е и Раул Хименез.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×