Антони е стартер за Манчестер јунајтед, Роналдо останува на клупата

by
1 минути читање

Тен Хаг реши да му даде место во стартниот тим на Антони за големото дерби против Арсенал.

Кристијано Роналдо останува на клупата за резерви заедно со Касемиро и Мегваер.

Тен Хаг рече дека Роналдо е на клупата бидејќи треба време да го научи новиот систем на игра на Манчестер јунајтед, со оглед на тоа дека не беше на подготовките на тимот.

Од таа причина можеби и Касемиро е на клупата, а објаснувањето за Антони што веднаш добива место во тимот, веројатно е поради тоа што двајцата заедно работеа во Ајакс, па Бразилецот ги знае идеите на тренерот.

А Мегваер уште е на клупата, поради тоа што одбраната на Манчестер јунајтед без него игра многу подобро.

Во составот на Арсенал се враќа Зинченко кој беше повреден, а ќе игра и Одегард кој беше неизвесен.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×