Халанд имаше откупна клаузула од 75 милиони евра во Борусија Дортмунд и можеше да бира каде ќе ја продолжи кариерата, тој го одбра Манчестер Сити.
Неговиот татко кој исто така играше за Манчестер Сити како фудбалер, објаснува дека пред да одберат каде ќе продолжи Ерлинг, ги рангирале клубовите со оценки.
Оценките биле според некои специфични критериуми за тоа кој клуб би му одговарал најмногу на Халанд. Реал Мадрид го има Бензема и затоа имал мала оценка, поради можноста Халанд да не биде стартер, а Манчестер Сити немаше класичен напаѓач, па поради тоа и имал највисока оценка. Покрај Бензема, Реал имал ниска оценка и поради можноста да го купат Мбапе.
„Имавме критериум за тоа каде ќе потпише и клубот за кој ќе игра мораше да има најмалку 9ка. Манчестер Сити имаше 10ка, а Реал Мадрид 5 или 6. Не поради квалитетот или некои други фактори, туку поради Карим Бензема и неговата форма во која играше последната сезона. Тука беше и дилемата дали сега или во блиска иднина ќе го ангажираат и Мбапе“, открива постариот Халанд.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.