Роналдо ги пропушти подготовките на Манчестер јунајтед, тренираше сам. Тен Хаг вели дека тоа е главната причина што Португалецот е резерва.
Според него подготовките биле важни за Роналдо да го научи новиот стил на игра на тимот бидејќи тој е поразличен од минатата сезона. А тоа е нешто што нема поврзаност со нивото на физичка подготвеност кое португалскиот фудбалер го има.
„Јас ќе бидам негов пријател и понекогаш негов учител. Тоа зависи од ситуацијата. Како што сите знаеме, тој немаше подготовки и не можете да ги прескокнете подготовките. Тоа е основата и особено за начинот на игра кој ние го практикуваме. Ние играме на друг начин споредено со минатата сезона. Различно позиционирање на играчите, влегување и излегување во позиција… фитнесот е друга работа“, вели Тен Хаг.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.