Многу шанси, ниту еден гол, Евертон и Ливерпул одиграа реми

by
1 минути читање

Ливерпул загуби уште два бода, а Евертон ќе почека на својата прва победа оваа сезона.

Мерсисајд дербито изобилуваше со шанси, Ливерпул дури трипати ја погоди конструкцијата од голот на Евертон, домаќините тоа го направија еднаш. 

Пикфорд, особено во второто полувреме правеше чуда на голот, одбрани повеќе шутеви на Ливерпул, а неколку фатени топки имаше и Алисон на спротивната страна.

Евертон постигна еден гол, но погодокот на Коуди беше поништен поради офсајд со помош на ВАР.

Со оглед на бројот на шансите Ливерпул може да жали што не ги освои сите три бода, но многу лесно можеше да се случи и победа на Евертон.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×