166
Вест Хем ова лето го сруши сопствениот транфсер рекорд откако го донесе Лукас Пакета од Лион во зделка вредна околу 60 милиони евра.
Тиаго Силва сега откри дека на Челси му предложил да го ангажира неговиот сонародник, но „сините“ имале други приоритети.
„Кога слушнав дека Лукас Пакета ќе заминува од Лион, имав разговори со некои луѓе од Челси, но за жал ништо не се случи. Имавме други приоритети поради повредите, ни беше потребен напаѓач и дефанзивец. Немавме голема потреба од фудбалер од средниот ред. Затоа и мислам дека ништо не се случи“ – вели дефанзивецот во разговор со ЕСПН Бразил.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.