Барселона и покрај тоа што имаше финасиски проблеми, ова лето потроши преку 150 милиони евра на засилувања. Франк Кеси и Андреас Кристенсен пристигнаа како слободни играчи, a првата зделка беше Рафиња.
Лидс договори трансфер на Бразилецот во Челси, но Барселона потоа стапи на сцена и успеа да го украде офанзивниот фудбалер.
Сопственикот на „белите“, Андреа Радрицани неодамна изјави дека му било срам да му се јави на колегата од Челси, Тод Боли и да го извести дека мора да го повлече дадениот збор.
Тој исто така се закани со тужби доколку Барселона до 2. септември не ја исплати договорената сума.
Па откако помина рокот, еден навивач му пиша на Твитер и го праша дали „каталонците“ ги подмириле обврските, а Андреа Радрицани кратко одговори: „Се е во ред“.
All good thanks for caring
— Andrea Radrizzani (@andrearadri) September 2, 2022
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.