Маркос Алонсо уште еден на листата фудбалери кои играле и за Барселона и за Реал Мадрид

by
1 минути читање

Барса го
комплетираше тимот за новата сезона откако вечерва потпиша со Маркос Алонсо.
Левиот бек синоќа доби раскин на договорот со Челси, па можеше и надвор од
преодниот рок да се пресели на Камп Ноу.

Спротивно на
претходните написи дека левиот бек ќе се обврзе на три години со „каталонците“,
тој доби договор до 30. јуни 2023 година и откупна клаузула од 50 милиони
евра.

Маркос Алонсо е
продукт на школата на Реал Мадрид, има и еден настап за првиот тим на „кралевите“ па ќе биде ново
име на листата со фудбалери кои го носеел дресот на лутите ривали.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×