Во текот на целиот вчерашен ден Челси и Барселона работеа на зделката која беше комплетирана до последните моменти од преодниот рок, а објавена доцна по полноќ.
„Пјер Емерик Обамејанг го комплетираше перманентниот трансфер од Барселона во Челси“, стои во соопштението на клубот.
Обамејанг ќе го носи дресот со бројот 9 за кого се вели дека е проклет во Челси и обично не им оди на играчите кои ја имаат таа бројка на грбот. Дали Обамејанг ќе го урне тоа проклетство, ќе видиме.
Челси го потврди и трансферот на Денис Закарија кој пристигнува од Јувентус на позајмица со опција за откуп за 30 милиони евра.
Челси потврди и дека го раскина договорот со Маркос Алонсо на взаемна согласност. Тој денеска треба да биде промовиран како фудбалер на Барселона.
Алонсо за Барселона ќе потпише како слободен играч, иако практично е дел од договорот за Обамејанг.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.