Карлос Солер за речиси двојно поголема плата потпиша со ПСЖ на пет години

by
1 минути читање

Карлос Солер ја
напушти Валенсија, клубот во кој пристигна на 7 годишна возраст. Шпанецот ја
одработуваше последната година од договорот, преговорите за продолжување тапкаа
во место, па ПСЖ ја искористи ситуацијата и во последните денови од преодниот
рок договори трансфер вреден 18 милиони евра, плус додатни 2-3 милиони евра во
бонуси.

Офанзивниот
фудбалер со „светците“ договори петгодишна соработка и ќе има речиси двојно поголема
плата од она што Валенсија му го нудеше, во Париз ќе заработува преку 4 милиони
евра по сезона.

„Многу сум среќен,
ова е нова авантура во мојата кариера. Со нетрпение чекам да ги запознаам
новите соиграчи и да почнам да тренирам со нив. Во вторник не чека меч во Лигата
на шампиони, и ова ќе биде шанса за мене да видим какво е ова натпреварување.
Сигурен сум дека ќе биде одлична забава за сите“
– рече 25 годишниот Карлос
Солер.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×