Жанг дал зелено светло, Ачерби пристигнува во Интер

by
1 минути читање

Џанлука Ди Марцио тврди дека трансферот на Ачерби во Интер е завршена работа, во текот на денешниот ден и официјално ќе биде потврден.

Минатата недела Жанг го блокираше овој трансфер бидејќи не сакаше да се зголеми сметката за плати во клубот, но откако Лусиен Агум замина на позајмица во Троја, во Интер се направи простор за Ачерби.

Дефанзивецот на Лацио во Интер ќе потпише договор за едногодишна позајмица со опција целосно да биде откупен следното лето.

Фабрицио Романо вели дека овој трансфер нема врска со евентуално заминување на Милан Шкрињар во ПСЖ. Се очекува и тој да остане во Интер.

Симоне Инзаги сакаше уште еден централен дефанзивец бидејќи ова лето Андреа Ранокија замина во Монца како слободен играч.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×