Елмас испрати порака до Спалети по голот првенец оваа сезона

by
1 минути читање

Елиф Елмас против Лече за прв пат беше стартер оваа сезона, Македонецот ја искористи приликата и ја затресе мрежата на противникот.

За жал погодокот не беше доволен за победа, Наполи одигра само 1-1 и испушти два бода.

„Одигравме добар натпревар, креиравме многу шанси, но ни недостасуваше завршница, ни недостасуваше дрскост во финишот од акциите“ – рече Елиф Елмас по крајот на натпреварот.

Ова беше второ реми во низа за Наполи, иако многу помалку очекувано од она против Фиорентина.

„Немаме многу време за размислување, играме на секој три дена, не чекаат важни натпревар, сега треба да се одмориме и да се фокусираме на Лацио.“

Запрашан на која позиција преферира да игра, Елмас рече: „Преферирам да играм централно, но подготвен сум да го дадам максимумот на било која позиција, на располагање сум му на тренерот“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×