По долги
преговори, падна договор за трансфер на Леандро Паредес во Јувентус, попладнево
пристигна и официјална потврда.
Јувентус откри дека
се работи за позајмица до крајот на сезоната за која нема да биде платено
ништо. „Старата дама“ ќе има обврска во целост да го купи Аргентинецот доколку
се исполнат одредени спортски резултати, но и да не се исполнат, ќе има опција
да го направи трансферот перманентен.
Во двата случаи,
сумата која треба да се плати е 22,6 молиони евра, плус додатни 3 милиони евра
во бонуси.
Доколку Јувеентус не го купи во целост Леандро Паредес, ќе треба на ПСЖ да му плати 2,5
милиони евра.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.