„РедБрд“ со пари на „Елиот“ стана нов газда на Милан, комплетирана е зделката од 1,2 милијарди евра

by
1 минути читање

Заврши процедурата
за трансфер на сопственоста на Милан, „росонерите“ од денеска и официјално се
во рацете на „РедБрд“.

Се работи за зделка
од 1,2 милијарди евра, „РедБрд“ плати околу 600 милиони евра, додека пак останатите
600 милиони евра се позајмица од „Елиот“ со годишна камата од 7%.

Од 600 милиони
евра кои ги обезбеди „РедБрд“, околу 400 милиони се на инвеститори, помеѓу кои
се семејството Штајнбренер, сопственици на бејзбол франшизата Њујорк Јенкис. Индиректно
инвеститори ќе бидат и ѕвездата на ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс и познатиот музичар
Дрејк, преку фондот „Мејн Стрит“.

Се очекува новите
газди наскоро да пристигнат во Милано и да го прослават големиот настан, тие
треба да бидат во свечената ложа за големото градско дерби против Интер во
сабота.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×