Мурињо откри што му рекол на Дибала кога Аргентинецот излезе од игра

by
1 минути читање

При излегувањето Дибала и Мурињо имаа краток разговор по кој се насмеаја, по мечот италијанските медиуми го прашаа португалецот што му кажа на својот фудбалер во тој момент.

„Минатата сезона кога Јувентус играше тука на Олимпико тој беше заменет, и кога излегуваше од игра, му реков: „Ти си многу добро момче“. Па вечерва му го реков истото. Се насмеавме бидејќи се потсетивме на тоа“, изјави Мурињо.

Португалецот потоа продолжи со пофалбите за Дибала.

„Често имате талент кој е изолиран од тимот, но Пауло е голем талент кој игра со и за тимот. Иако не му е тоа задача, тој помагаше во дефанзивата со исклучително добра работа“.

„Тој има историја на повреди, но сега напредува. Мислам дека ова е знак за она што доаѓа во Катар на Светското првенство. Можеби Лионел Скалони треба да му прати неколку шишиња вино, бидејќи ќе има фантастичен фудбалер за тој турнир“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×