Челси забележа два
порази на првите пет натпревар од новата сезона, „сините“ вечерва загубија на
гостувањето кај Саутемптон и покрај тоа што поведоа со 0-1.
„Речиси на сите
натпревари започнавме добро, но се мачиме со фокус и конзистентност, не е
доволно да се одигра добро дваесетина минути, истото се случи и против Лидс. Се
мачиме да одговориме и да најдеме начин да се вратиме во мечот кога работите не
одат онака како што посакуваме“ – вели Томас Тухел.
„Денеска работите
се одвиваа онака како што сакавме, но се мачевме откако противникот изедначи“.
Запрашан дали е
загрижен, тренерот на Челси рече: „Не знам дали загрижен е правиот збор. Не
сакам да губам, ова е веќе втор пораз во раниот дел од сезоната. Мислам дека противниците
со леснотија не победуваат, и тоа не ми се допаѓа“.
„Јасно ни е дека
не можеме да победиме на сите натпревари, дека некогаш ќе изгубиме, но мораме
да разбереме што ни се случува и зошто губиме вака, и тоа што поскоро мора да ни
стане јасно“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.