408
Манчестер јунајтед потврди дека е договорен трансферот на Антони, а тој договорот ќе го потпише во текот на денот.
„Манчестер јунајтед постигна договор со Ајакс за трансфер на Антони“, стои во соопштението на англискиот клуб.
Во текот на денот треба да бидат поминати сите формалности и фудбалерот да стави потпис на договорот.
Тој ќе потпише договор до 2027 година со опција за плус уште една сезона.
Манчестер јунајтед на Ајакс ќе му плати 95 милиони евра, плус 5 милиони евра во бонуси.