Летниот преоден
рок финишира на 1. септември, и покрај тоа што клубовите имаат месеци за да го
склопат тимот за новата сезона, последните денови секогаш се хаотични и сите
брзаат да направат некакви промени.
Директорите на
ПСЖ ќе имаат полни раце работа и ќе се обидат да се ослободат од 5-6 фудбалери.
Нови клубови
треба да се најдат за Кејлор Навас, Леандро Паредес, Идриса Геј, Мауро Икарди,
Лајвин Курзава, Јулијан Дракслер и Абду Диало.
Во Париз ќе треба
да пристигнат и нови имиња, договорен е трансферот на Фабиан Руиз од Наполи за
22-23 милиони евра, а големи се шансите да пристигне уште еден Шпанец, се
шпекулира дека „светците“ понудиле 15-17 милиони евра за Карлос Солер од
Валенсија.
ПСЖ се надева
дека ќе може да донесе и нов напаѓач и централен дефанзивец, но многу работите
зависат и од тоа кој се ќе го напушти клубот.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.