Челси ќе се обиде да купи тројца фудбалери во последниот ден од преодниот рок

by
1 минути читање

Според „Гардијан“, по желба на Томас Тухел, новиот газда на Челси, Тод Боли ќе потроши речиси 200 милиони евра во самиот финиш од преодниот рок.

Најблиску од трите зделки до комплетирање е трансферот на Весли Фофана од Лестер за сума од околу 70 милиони фунти.

Вториот кој се обидува Челси да го донесе е Ентони Гордон од Евертон.

А третиот е Пјер-Емерик Обамејанг каде Челси има начелен договор со клубот, меѓутоа засега проблем е обесштетувањето, но разликата меѓу она што го бара Барселона и тоа што го нуди англискиот клуб, не е многу голема.

Се верува дека од овие тројца фудбалери, Фофана сигурно ќе пристигне на Стемфорд Бриџ, за другите двајца е неизвесно, но клубот ќе направи сериозен напор за да му ја исполни желбата на Тухел.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×