Официјално: Му се оствари желбата на Кавани да заигра во Ла Лига (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Кавани имаше понуди од клубови од повеќе земји, но негова желба беше пред крајот на кариерата да заигра и во најдобрата шпанска лига.

Желбата му се оствари, тој стави потпис на двегодишен договор со Валенсија.

Валенсија Кавани го најави со неколку слики со стрели поради неговото препознатливо славје на головите, а потоа објави и видео.

Кавани во Европа пристигна во 2007 година, прв клуб му беше Палермо, а потоа Наполи, во 2013 година се пресели во ПСЖ каде остане седум години, до 2020 година кога потпиша за Манчестер јунајтед.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×