25-годишниот дефанзивен играч од средниот ред, Менди Камара утре ќе ги помине медицинските прегледи и ќе потпише договор со Рома.
Според „Газета дело Спорт“, поранешниот тренер на Олимпијакос, Португалецот Педро Мартинс му се јавил на Мурињо и му го предложил играчот од Гвинеја.
Предлогот стигнал веднаш по повредата на Вајналдум кој ќе паузира до јануари. Камара под водство на Педро Мартинс има одиграно 180 натпревари во Грција.
Камара не е познат многу на светската фудбалска јавност, но фактот што негови идоли се Нголо Канте и Клод Макелеле, зборува за тоа каков тип на играч е.
Мурињо сака такви фудбалери кои се големи работници на теренот, па брзо се согласил со сугестијата на неговиот сонародник.
Камара трипати беше шампион во Грција со Олимпијакос и еднаш го освои купот на таа земја. Тој има 22 настапи во Лигата на шампионите и 29 во Лига Европа, што е повеќе од доволно искуство за тимот на Рома.
Камара и во 2020 година се поврзувал со Рома, тогаш италијанските медиуми го поврзуваа и со Милан, но тој остана во Олимпијакос.
Пред неколку години тој твитна слика од себеси како дете како носи дрес од Рома, тоа е знак дека му е судбина да го носи дресот на римската волчица. Исполнување на негов сон од детството.
