Браќата Погба се во недоразбирање, Матиас Погба се закани дека ќе објави тајни и валкани работи од животот на Пол Погба, додека пак фудбалерот на Јувентус во полиција пријавил дека бил уценуван и имало обид да му изнудат 13 милиони евра.
Матиас Погба очигледно нема намера да се повлече и излезе со нова порака.
„Мојот помал брат конечно почнува да го покажува вистинското лице. Пол, сакаше комплетно да ме исклучиш, да лажеш и да ме испратиш во затвор. Но мојата верзија на настаните е точна, за разлика од твојата, имам доволно да докажам дека моите зборови се вистинити, а твоите се лаги. Ти повторувам уште еднаш, не е убаво да манипулираш луѓе. Ме остави да умрам, ме остави во дупка и сега сакаш да глумиш невин. Кога ќе бидат обелоденети сите работи, луѓето ќе видат дека нема поголема кукавица од тебе, пгоолем предавник и поголем хипокрит“ – вели Матиас Погба.
Тој потоа испрати и порака до Килијан Мбапе.
„Килијан, дали сега разбираш? Немам ништо против тебе, моите зборови се за твое добро, се е вистина, јасно е кој е човекот кој требаше да фрли магија. Извини брате, но не може да си посветен муслиман а да се бавиш со магии“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.