316
Тотнем одлично ја почна новата сезона, има 10 бодови од првите четири кола.
Сон се уште нема постигнато гол оваа сезона, но Конте е полн со пофалби за него.
„Сони е навистина сензитивен фудбалер, тој е навистина чуствителен. Тој е врвен човек, навистина добро момче. Пример, ако треба да најдам сопруг за мојата ќерка, би сакал тоа да биде личност како него“, вели Конте.
„Понекогаш тоа е добро, но во исто време, тој е пречувствителен што во моментов, многу страда во себе затоа што се уште не постигнал гол“.