Афена Џан се збогува со Рома и не го заборави Мурињо: Ми го промени животот, благодарам што веруваше во мене

by
1 минути читање

Феликс Афена Џан минатата сезона блесна на калчо сцената откако Жозе Мурињо го промовираше од младинците во првиот тим, напѓачот постигна два гола против Џенова, донесе победа и стана првиот играч роден во 2003 година кој е стрелец во Серија А.

На почетокот од летото беше награден со нов договор, но во меѓувреме плановите се променија и младото момче сега е продадено на Кремонезе во зделка вредна 6 милиони евра, плус додатни 3 милиони евра во бонуси и 10% од следниот трансфер.

„Благодарен сум и на Рома, на тренерите и персоналот за шансата и поддршката која ја добив во последните 18 месеци. Целата моја љубов е кон Жозе Мурињо, последните 7 месеци со тебе ми го променија животот. Ти благодарам што веруваше во мене. До моите поранешни соиграчи и навивачите, нема да ги заборавам убавите спомени кои ги делевме. Морам да му се заблагодарам и на господинот Алберто Де Роси за улогата која ја имаше во мојот напредок. Ми беше чест да се носи дресот на Рома“ – вели Афена Џан, кој ќе има годишна плата од 600.000 евра во Кремонезе.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×