Нови детали за скандалот во семејството Погба, Пол Погба во полиција пријавил дека бил мета на банда, која се обидела да му изнуди 13 милиони евра.
Инволвирани биле пријатели од детството и неговиот брат Матис Погба, кои го обвиниле дека не им помогнал финансиски откако станал познат фудбалер а тие дискретно го штителе 13 години. Неколку пати му се заканали, најстрашни биле сцените во Париз, кога две лица му се заканувале со јуришни пушки.
Пол Погба на полицијата и објаснил дека секогаш бил близок до пријателите од детството и дека секогаш им помагал финансики кога имало потреба. Тоа било така се до јануари, кога од домот во Манчестер избркал пријател бидејќи од неговата кредитна картичка украл 200.000 евра.
Кога Матиас Погба се огласи на социјалните мрежи, рече дека ќе сподели тајни и валкани работи за Пол Погба и за Килијан Мбапе.
Наводно Пол Погба барал да му биде фрлена магија на својот колега од репрезенацијата, и токму ова било користено при уцените. Фудбалерот на Јувентус негирал дека има вистина во ова.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК