Меси и Мбапе погодија две стативи во три секунди, Монако си замина со бод од Париз (ВИДЕО)

by
1 минути читање

По трите убедливи
победи на стартот од новата сезона, ПСЖ вечерва киксна и одигра само 1-1 против
Монако.

Фоланд ги донесе
гостите во предност по 20 минути игра, Германецот доби топка во фор и успеа да
го матира Донарума со удар од врвот на шеснаесетникот.

ПСЖ имаше неколку
добри шанси за да се врати во игра, во финишот на првиот дел, Меси и Мбапе
погодија две стативи во три секунди. Најпрво Аргентинецот ја стресе рамката од
голот со удар од врвот на шеснаесетникот, за потоа Французинот
наместо да ја семести одбиената топка во празната мрежа, успеа да ја погоди стативата.

„Светците“ до 1-1
стигнаа во 70. минута, со ВАР беше досуден пенал а Нејмар прецизно биеше од 11
метри за изедначување. 

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×