Никој како Левандовски во овој век, четири гола на три натпревари за Полјакот во Ла Лига, Барса до нова победа (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Барселона се
радува на првата победа на Камп Ноу оваа сезона, избраниците на Чави вечерва
триумфираа со 4-0 против Ваљадолид.

Откако беа
пропуштени неколку шанси, резулгатот го отвори Левандовски во 24. минута, Полјакот
одлично се снајде по една нафрлена топка на Рафиња и донесе водство од 1-0.

Пред крајот на првиот
дел, Педри зголеми на 2-0, младиот Шпанец доби топка од Дембеле на 11 метри и
рутински реализираше за дуплирање на предноста.

Роберт
Левандовски во 65. минута по втор пат се запиша во листата на стрелците, напаѓачот
со пета успеа да го матира гостинскиот голман за 3-0.

Со овој погодок,
Роберт Левандовски стигна до 4 гола на првите три натпревари во Ла Лига, според
Опта, ниту еден фудбалер на Барселона во 21 век не може да се пофали со ваков
учинок.

Роберт
Левандовски можеше да стигне и до хет-трик, но во финишот беше спречен од
голманот Матип, кој некако успеа да одбрани со помош на пречката, но Роберто
прв стигна до одбиената топка и ја затресе мрежата за конечни 4-0.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×