Само двајца фудбалери имаат постигнато повеќе голови во историјата на Премиерлигата од Хари Кејн (ВИДЕО)

by
0 минути читање

Со двата денешни голови, Хари Кејн дојде до бројката од 187 погодоци во Премиерлигата со што се израмни со Енди Кол.

Само Алан Ширер (260) и Вејн Руни (208) имаат повеќе од Хари Кејн.

Денеска Кејн постигна гол во 5. минута по асистенција од Кулушевски за водство на Тотнем од 1-0.

Во 56. минута Хари Кејн промаши пенал, Хендерсон го одбрани неговиот удар.

Но, во 81. минута по одлична асистенција од Ришарлисон, Кејн постигна уште еден гол и ги постави конечните 0-2.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×