Рома одигра 1-1 на гостувањето кај Јувентус. Тимот на Мурињо одигра очајно прво полувреме, во вториот дел се подобри и дојде до бод.
„На полувремето на фудбалерите им реков дека се срамам од нив, се срамам што сум им тренер“, открива Мурињо.
„Проблемот е зошто второто полувреме беше подобро, зошто првото не можеше да биде како и второто? Ајде да не зборуваме за тактика, туку за пристап. На помошникот на клупата му реков моли се ова полувреме да заврши 1-0. Им реков на играчите да го искористат тоа што имавме среќа да биде само 1-0 на полувремето“.
„Среќен сум со играта во вториот дел, Јувентус игра добро тактички, но успеавме да дадеме гол и да освоиме важен бод“.
Мурињо ја искритикува играта на Абрахам иако напаѓачот беше тој што даде гол.
Португалецот изрази надеж дека Белоти ќе потпише утре и ќе му биде конкуренција на Абрахам, а со тоа и тој ќе стане подобар напаѓач.