188
Натпреварот имаше спектакуларен почеток, по 80 секунди игра Душан Влаховиќ постигна прекрасен гол од слободен удар за водство на Јувентус од 1-0.
Во 25. минута убав гол даде и Локатели, но беше поништен поради играње со рака на Влаховиќ во истата акција.
Јувентус беше подобар во првото полувреме, но успеа да даде само еден гол.
Мурињо ја промени тактиката во второто полувреме, додаде на офанзива и тоа вроди со плод. При еден корнер во 69. минута топката дојде до Дибала кој асистираше до Абрахам, а тој постигна гол со глава за 1-1.
Тоа беше и конечниот резултат на натпреварот.
По три одиграни кола Рома има седум бода, Јувентус пет.